eng  mk  alb

ГИ ЗНАЕМЕ СИТЕ ТАЈНИ.....
Еден од материјалите, за чија обработка ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА со гордост може да каже дека ги знае сите тајни, е со сигурност масивното дрво. Во секое време ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА располага со голем избор на различни видови масив започнувајќи од традиционалните: даб, бука, орев, цреша, јавор, јасен, па се до егзотичните: махагони, венге, палисандер и сл. Примената на масивното дрво за производство на мебел, најнапред подразбира целисходна и сеопфатна подготовка. Подготовката на масивот започнува со процес на избор на најдобрите парчиња во својата намена, следи нивно сушење до потребниот коефициент и предподготовка со подлоги за заштита на материјалот. Откако сето тоа ќе се заврши, врз дрвото може, по потреба на проектот или на барање на клиентите, да се нанесе различен ефект, каде особено се следат светските тенденции. На крајот дрвото се лакира со мат или сјаен ефект. Генерално, површините иэведени во масив се омилен избор на потрошувачите на ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА.