eng  mk  alb

ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА со задоволство соработува со реномирани производители на репроматеријали, затоа што е длабоко уверена дека зад високото ниво на производите стои исклучително квалитетен репроматеријал. База за производство на плочестиот мебел во ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА се плочите иверка кои се увезуваат од Aвстрија од фирмата ФУНДЕР МАКС. Плочите иверка на производителот Фундер Макс се произведени според најпрецизните европски стандарди за производство, што значи дека помеѓу останатото се еко-компатибилни и ослободени од формалдехидни испарувања. Можностите кои овие плочи подоцна во производството ги обезбедуваат се големи како во поглед на квалитетот на завршната површиња поради нанесување на фурнири, технолошки фурнири или ламинат, така и во поглед на димензиите (широк ранг димензии: 8, 16, 19, 25мм) кои овозможуваат дизајнот на мебелот да стане реалност. Мебелот произведен од плочест материјал и фурниран со природните дрвени фурнири се доживува како масивен и една од најбараните категории мебел во ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА.