eng  mk  alb

ОБЕЗБЕДУВА ДОЛГ ВЕК НА ПРОИЗВОДИТЕ
Работните плочи од керок се најцрстите, најнепропустливите и најхигиенските плочи со извонредни физички и хемиски својства. Затоа не е воопшто чудно што токму керокот се користи како материјал за работни површини во професионалните лабаратории. Во доменот на мебел эа домување, керокот е извонреден за изработка на работни плочи во кујните, како и за изведба на комплетни мијалници и елементи во бањите. Убавината на керокот е во можноста работната површина да биде изведена во секаква форма, со особено убава обработка на рабовите, како антикап на пример. Палетата на бои е широка и атрактивна и за љубителите на мат и на основните бои, како и за оние кои преферираат прскани површини. На специјално барање, во ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА може да се добијат и двобојни керок плотни.