eng  mk  alb

ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА е домашно претпријатие за производство на мебел. Нејзините почетоци датираат од 1994 година, што значи дека на македонскиот пазар е присутна веќе 11 години. Поради сериозноста во пристапот, постојаното осовременување на производството и усовршувањето на производите, во периодот од 2000 до 2005 година, ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА започна да произведува и мебел за извоз на европскиот пазар. Ако се има предвид дека најголем дел од произвoдството наменето за извоз е мебел во категоријата масивен (изведен од масивно дрво), како и фактите за високите стандарди и пребирливоста на европскиот пазар, стануваат евидентни стремежите на ова македонско производно претпријатие за постојан развој и усовршување во производството.