eng  mk  alb

СОРАБОТКАТА СО ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА ВЛЕВА СИГУРНОСТ
Комплексен е процесот на соработка при проектирање и опремување на одреден простор, се разбира истиот се поедноставува со добар проект. Интересна е улогата на ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА во тој процес, можеби најмногу поради тоа што создава простор во кој севкупното внимание е посветено на посетителот, корисникот, консументот, согласно со тенденцијата на архитектот. Затоа сите објекти во чие уредување ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА учествувала - освојуваат -  уште од влезот со истата сила и енергија со која ве водат низ севкупниот простор, обезбедувајќи му на посетителот чувство на сигурност и закрила дека влегле на вистинското место каде за нив и за нивните потреби барања - има кој да се грижи.